Можности за македонските компании на кинескиот пазар

 

 

Сојузот на стопански комори на Македонија заедно со Меѓународниот саем во Нингбо, Кина и Амбасадата на Република Кина во Македонија денеска организираат бизнис настан „Можностите за Македонските компании на кинескиот пазар“. Целта за одржување на настанот е запознавање со можностите за македонските компании за извоз и соработка со компаниите од Кина.

Како што соопшти Сојузот на стопански комори, присутните ќе имаат можност директно да се запознаат со поволностите за учество на Саемот за инвестиции и трговија на Кина со земјите од Централна и Источна Европа.

Овој саем е еден од најголемите инвестициски и трговски саеми во Кина и е во организација на Меѓународниот саем во Нингбо, а подржан од Министерството за трговија на Кина и Провинцијата Жеџијанг. Оваа година саемот ќе се одржи во периодот од 9 до 12 јуни 2016 година.

На средбата ќе присуствува делегација од Кина составена од претставници од Меѓународниот саем во Нингбо, Директорот на Бирото за пазарна логистика и соработка на слободните трговски зони на Нингбо, заменик - директорот на Бирото за култура, ТВ/Радио и новинарство на Нингбо, заменик директорот на Туристичката администрација на Нингбо, претставници од Амбасадата на Кина во Македонија, како и претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, претседателите на гранските комори во рамки на ССК и претставници на компании – членови на ССК.

Во рамки на Бизнис настанот ќе учествува и компанијата „НингБо ДИЈИА ВИДА Традинг Цо.,Лтд“ која се занимава со увоз алкохол, храна и други производи од Европа. Компаниите – членови на ССК кои ќе учествуваат на настанот ќе имаат можност да остварат директна Б2Б средба со оваа компанија во согласност со својот интерес.

 
 
01.03.2016 - 08:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега