Млад велешанец фатен со дрога

Полициската станица во  Гевгелија поднесе кривична пријава против В.М. (24) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Во петокот  околу 23.50 часот во с.Миравци полициски службеници извршиле преглед над лицето А.Ѓ. од Велес при што била пронајдена една таблета екстази со сина боја.  Во разговор со полициските службеници А.Ѓ. изјавил дека таблетата ја купил од пријавениот В.М. истиот ден околу 20.00 часот на паркинг простор во Велес

 
 
01.03.2016 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега