Утрово снег и температури под нулата - каде натрупа најмногу?
Снежна покривка од два сантиметри и темпеатура од два степени под нулата утрово се регистрирани во Крушево, Маврово и Лазарополе.
Во другите градови температурата се движеше од 0 во Скопје, Крива Паланка, 1 Битола, Пожар, Претор, Охрид, 2 Тополчани, Берово, Прилеп, Пожаране, Тетово, Дебар, Скопје, 3 Виница, Штип, Куманово, Ѓуриште, Демир Капија, Струмица, 5 Гевгелија до 6 во Дојран.
Врнежи се регистрирани во Пожаране, Битола, Берово, Маврово, Тополчани, Ѓуриште, Тетово, Лазарополе, Охрид, Демир Капија, Претор, Крушево, Прилеп, Струмица, Гевгелија, Штип, Крива Паланка и Пожар.
Времето утрово е променливо облачно и посвежо со слаб локален дожд. Претпладне со почести сончеви периоди, а од пладневните часови на планините особено на запад и на север со врнежи од слаб снег. Ќе дува умерен западен ветер во западните делови, а во останатите ветерот ќе е северозападен.
Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со слаб локален дожд. Претпладне со почести сончеви периоди, а од пладневните часови на планините особено на запад и на север со врнежи од слаб снег. Ќе дува умерен западен ветер во западните делови, а во останатите ветерот ќе е северозападен. Температурата ќе биде во интервал од 7 до 15° C.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди од пладневните часови со умерен северозападен ветер и со услови за слаб дожд. Температурата до 12° C.
За време на викендот ќе биде стабилно и потопло, но утринските температури ќе се блиски до нула, а понекаде и степен два под нулата. Во недела и понеделник ќе дува повремено засилен јужен ветер. Од понеделник вечер и ноќта кон вторник ќе настапи нов влажен бран проследен со врнежи од дожд.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа