УЈП и полицијата влегоа во Куманово

Полициските службеници од СВР Куманово во содејство со инспектори од Државен инспекторат при Управата за јавни приходи, во саботата спроведоа акциска контрола во кафе бар, спортска обложувалница и автомат клуб лоцирани на подрачје на општина Куманово.

Како што информира МВР, при контрола во кафе барот е затекнато лице државјанин на САД кое нема регулиран престој во Македонија. Тој е приведен во СВР Куманово и за понатамошна постапка предаден на дежурен инспектор по странци, легитимирани се вкупно 11 лица и од страна на инспекциските служби не се констатирани недостатоци.

Во спортската обложувалница на едно лице  му е изречена глоба за прекршок по основ на Закон за лични карти, на едно лице глоба за прекршок по основ на Закон за заштита од пушење, а од страна на Државен пазарен инспекторат составен е Записник и издадена е глоба од 2,000 – 4,000 евра на правно лице по Закон за заштита од пушење. Од страна УЈП по извршена контрола составен е Записник и се констатирани прекршоци казниви по член 157 став 1 точка 10 , 13 и 15 од закон за игри на среќа и при тоа е издадена глоба во висина од 15,000 евра (3 х 5,000 евра), како и глоба во висина од 30 отсто на одговорно лице во правно лице. Констатирано е дека двата компјутери што се користат во обложувалницата немаат лиценциран софтвер и се одзмени, а против правното лице и управителот на правното лице Т.К. (46 години) од Кочани поднесена е кривична пријава за „повреда на право од пријавен или заштитен пронајдок и топографија на интегрални кола“ .

При контролата на автомат клубот на 4 лица им се изречени глоби за прекршок по основ на Закон за лични карти, на 4 лица глоби за прекршок по основ на Закон за заштита од пушење а од страна на Државен пазарен инспекторат составен е Записник и издадена е глоба од 2,000 – 4,000 евра на правно лице од Закон за заштита од пушење. Од страна на УЈП по извршена контрола не се констатирани недостатоци, а констатирано дека од 3 компјутери кои што се користат во автомат клубот 1 има а за 2 компјутера во моментот не може да се утврди дали поседуваат лиценциран софтвер на за што со писмено известување ќе биде известено ОЈО Куманово.

 
 
04.03.2016 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега