Тетовчанец се шокирал од она што го пронашол додека работел

Неексплодирана артилериска граната со калибар од 100 милиметри била пронајдена вчера во непосредна близина на бензинската пумпа во Лешок, на земјоделска парцела што се наоѓа на десната страна од регионалниот пат Тетово - Јажинце, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Гранатата околу 15 часот ја пронашол 51-годишниот Е.С. од тетовското село Слатино додека со багер изведувал градежни работи на местото.  Тој веднаш го известил сопственикот на градежната фирма по што двајцата го пријавиле случајот во полиција.

- Извршен е комплетен увид со учество и на претставници од Дирекцијата за заштита и спасување. Местото и гранатата се фотодокументирани по што експлозивното средство е подигнато и безбедно транспортирано за натамошна постапка односно уништување. Гранатата била значително корозирана, без видливи ознаки и се претпоставува дека потекнува од постаро време, изјави Јосифовски.

 
 
04.03.2016 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега