Акција за собирање на кабаст отпад во Гази Баба
Акција за собирање кабаст отпад: мебел, опрема од купатила, бела техника, електронски апарати, на 11 и 12 март ќе организира Општина Гази Баба и ЈП Комунална хигиена за граѓаните од урбаниот дел на територија на општината. Акцијата за подигањето на отпадот ќе биде од пред нивните домови без надомест.
Акцијата ќе биде спроведена од 7 до 11 часот, во текот на двата дена.
На 11 март ќе бидат опфатени Автокоманда, Железара, Ќерамидница и Вардариште, а на 12 март Маџари1, Маџари 2, Триангла, Хиподром и Ченто.
Од општината информираат дека сите граѓани кои ќе фрлаат отпад по 11 часот на одредените датуми ќе бидат санкционирани од страна на инспекциските служби на општина Гази Баба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа