МВР: Да не се креираат сценарија кои ја нарушуваат безбедноста

МВР денеска ги повика сите субјекти да се воздржат од креирање сценарија со кои, како што посочуваат оттаму, се добиваат ефтини политички поени, а на сметка на безбедноста и сигурноста на граѓаните. 

- Злоупотребата на етничките и верските симболи што се случува деновиве може да има не само негативни политички и безбедносни импликации, туку и да ги поткопа процесите за фер, слободни и демократски избори, се вели во соопштението од МВР.

Оттаму посочуваат дека ги следат состојбите и оти нема да дозволат какви било ескалации или нарушувања на јавниот ред и мир.

- Воедно, апелираме до организаторите на овие случувања да имаат во предвид дека секое кршење на законите повлекува соодветни санкции, се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи. 

 
 
04.03.2016 - 16:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега