Лажна дојава за бомба во тетовско

Непознато машко лице изутринава, во 1.50 часот се јавило на бензинската пумпа на „Лукоил“ во тетовското село Лешок и на вработениот му рекол дека околу бензинската пумпа има поставено бомба.

Како што информира денеска МВР, на местото на настанот се упатени полициски службеници, а по извршената проверка констатирано е дека се работи за лажна пријава.

СВР Тетово презема мерки за пронаоѓање на сторителот

 
 
05.03.2016 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега