Специјалниот претставник на СЕ во посета на мигрантските точки во Македонија и Грција

Специјалниот претставник на генералниот секретар на Советот на Европа за миграција и бегалци Томаш Бочек од денеска до 11 март ќе престојува во Грција и во Македонија каде што ќе ги посети местата на граничната линија каде што најчесто минуваат мигрантите и прифатните центри.

Како што соопшти прес-службата на Советот на Европа, тој исто така ќе се сретне со владини и локални претставници и со претставници на УНХЦР и невладините организации со цел да собере информации за ситуацијата со лицата кои бараат азил и другите мигранти.

Специјалниот претставник Бочек особено внимание ќе посвети на прашањата посветени на барателите на азил и на децата мигранти. 

 
 
07.03.2016 - 08:41
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега