Груевски во посета на општина Делчево


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес ќе оствари посета на Општина Делчево.

Според агендата, Груевски планирано е да изврши увид во активностите при рехабилитација на регионален пат Делчево – Голак, како и на доградба на градинка, а ќе оствари средба со жителите на Делчече.

Посета на изграден локален пат село Стамер – село Град – село Вириче, увид во градежи активности при изградба на канализација и средба со жители на село Вирче се следни на днешната агенда на Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе изврши увид и во градежи активности при изградба на целосна фекална канализација за село Град и ќе оствари средба со жителите во село Град.

Посетата на општина Делчево ќе за заокружи со посета на команијата “Rudine DOOEL MM”.

 
 
07.03.2016 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега