Официјално отварање на манифестацијата “Дојран – град на култура”

Општина Дојран со поддршка од Министерството за култура најавува големо отварање на манифестацијата “Дојран – град на култура”. Двочасовно шоу кое ќе се случува на отворената летна сцена на плоштадот “Под јаворите” во Стар Дојран, на 19ти Март (сабота) со почеток во 17.00 часот. За прв пат во Дојран на едно место ќе можете да ги видите најголемите македонски ѕвезди Каролина Гочева, дуото ДНК и Даниел Кајмаковски. За забава на најмалите посетители ќе се погрижат децата од детскиот фестивал “Калинка” и членовите на студиото за модерен балет “Sweet Dance”а водител на настанот ќе биде Зоран Ѓоргиев. Општина Дојран воедно најавува и неколкуминутен спектакуларен огномет кој ќе го означи крајот на концертот, а почеток на манифестацијата “Дојран – град на култура 2016”. Во рамки на манифестацијата предвидени се над педесетина настани кои треба да се случат во текот на целата година, со акцент на летниот период. Мода, концерти, филмски проекции,летно кино на отворено, денови на театар, стенд ап комедии, ликовни колонии, поетски вечери, фолклорни викенди, Д фестивал, фестивал на боите итн. Покрај забавата оваа манифестација има за цел да привлече како домашни така и странски туристи.Исто така Општина Дојран изготви и специјално лого за манифестацијата кое ќе биде презентирано на официјалната прес конференција за медиумите , која ќе се случи на 13ти март (недела) во просториите на Порта Македонија во СКопје со почеток во 12 часот каде воедно и ќе биде откриена и целосната програма со точно време и место на одржување на секој настан предвиден за претстојната година.

 
 
08.03.2016 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега