Подгответе се за невреме: Нов температурен шок

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб променлив ветер кој попладне во поголемиот дел од земјата ќе преминува кон северен.

Утринската температура ќе се движи од два до осум, а дневната од 12 до 19 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб прежно северен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 17 степени.

Најмногу дожд, 26 литри на метар квадратен, во изминатото деноноќие наврна во Скопје и во Крушево, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Лазарополе се регистрирани 24 литри, Тетово 23, Маврово 22, Пожаране 21, по 20 литри во  Куманово, Крива Паланка, Гевгелија и Дебар, 19 во Ѓуруште и Пожар....

Утре преку денот ќе зголемена облачност со повремен дожд од крајот на денот. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта кон четврток. Во четврток облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе траат и во петок претпладне. До крајот на работната недела не се предвидуваат негативни утрински температури.

 
 
 
08.03.2016 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега