Цвеќе за струмичанки од УМС ВМРО-ДПМНЕ

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ во Струмица им подели цвеќе и скромни подароци на жените по повод меѓународниот празник 8 Март.

- Жената како симбол на искреноста, чесноста, љубовта, храброста заслужено го носи епитетот столб на нашето современо општество, истакна Панче Стојков, од УМС ВМРО-ДПМНЕ.

Од Унијата истакнаа дека и понатаму ќе продолжат со вакви активности, а денешниот ден е само потсетување дека жената треба секојдневно да добива внимание.

 
 
08.03.2016 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега