Бесплатни здравствени прегледи за младите спортски репрезентативци

Во рамки на новите мерки за млади кои денес ги презентираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се предвидува и бесплатен здравствен преглед за спортските репрезентативци.

-За да се создаде еден спортист не е важно само да тренира, туку и да се грижи за своето здравје. Со проектот Бесплатен здравствен преглед за спортисти ќе им се овозможи на сите репрезентативци во младински категории два пати годишно да имаат редовен спортски здравствен преглед. Спортовите кои ќе бидат опфатени со воој проект се фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, тенис, бокс, карате, џудо, борење, теквондо, кик бокс, велосипедизам, кајак, пливање и атлетика, истакна Груевски.

Тој додаде дека услов за да се искористи овој проект е младите да се репрезентативци во минимум два последователни циклуси или категории. Груевски потенцираше дека проектот ќе започне да се реализира од јуни 2017 година.

 
 
08.03.2016 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега