Министерот Спасовски се сретна со амбасадорите Меклеод и Герет

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа состанок со шефот на делегацијата на Обединетото Кралство во ОБСЕ, амбасадорот Сијан Меклеод и со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија, Чарлс Едмунд Герет.

Како што соопшти попладнево МВР, министерот Спасовски меѓусебната соработка ја оценил како исклучително важна, искажувајќи благодарност за ангажманот на ОБСЕ, илустрирајќи ја со неколку особено важни досега спроведени заеднички проекти.

Спасовски ја нагласил својата убеденост во успешно продолжување на соработката, особено за натамошна поддршка на јакнењето на независноста и демократизација на институциите.

Амбасадорот Герет, како што е наведено во соопштението, изразил интерес за ставовите на министерот околу подготовките за изборниот процес, времето кое е потребно да се отстранат неправилностите во Избирачкиот список, а побара и мислење во однос на безбедносната состојба по случувањата во скопската општина Бутел.

Амбасадорот на состанокот бил имформиран дека Министерството и ја дава сета помош и поддршка на Државната изборна комисија околу подготовките на изборниот процес.

Министерот Спасовски истакнал дека ќе биде направено се за да се одржат фер и демократски избори.

 
 
08.03.2016 - 17:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега