Подметнат пожар - автомобил изгоре во Скопје

Вчера околу 20:00 часот во Скопје на ул. „Виетнамска“ непознато лице подметнало пожар на автомобил „Фолксваген-голф 4“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.И. Со пожарот била зафатена десната страна на возилото. Истото е изгаснато од страна на екипа на Против Пожарна. Полицијата од Скопје превзема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 
 
09.03.2016 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега