Во Србија формирана прва партија на Македонците на државно ниво

Во Нови Сад денеска е формирана првата македонска малцинска партија на ниво на Србија, Партијата на Македонците на Србија, чие седиште ќе биде во Белград, изјави за Танјуг, претседателот на Извршниот одбор на партијата, Димче Булевски.

Тој истакна дека партијата ќе учествува на претстојните избори на 24 март, но додаде дека се уште не се знае дали таа ќе оди самостојно или во коалиција.

Булевски нагласи дека во Србија живеат околу сто илјади Македонци.

 
 
09.03.2016 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега