Таксист претепан во скопски Аеродром - има ли поврзаност со самоубиството?

Педесет и три годишниот Ј.С. од Скопје на 9-ти рано утрината околу 4:30 часот бил физички нападнат.

Од полицијата информираат дека на ул. Коста Новаковиќ, додека симнувал патник од такси возилото, Ј.С.бил физички нападнат од 39-годишниот А.З. од Скопје.

-Истиот бил удиран со боксови и клоци по главата и телото од кои му се нанесени видливи повреди во вид на модринки и отоци, расекотина на левата аркада и расекотина на задниот дел од главата, информираат од полицијата.

Информациите од полицијата говорат дека потоа напаѓачот побегнал во непознат правец со „Опел“ со непознати регистарски ознаки.

Во полициска станица направен е записник за примање на пријава од страна на полициски службеник, а поднесен е и записник за констатиран прекршок од законот за прекршоци против јавниот ред и мир, со што, информираат од МВР, физичкиот напад е расчистен.

 
 
10.03.2016 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега