„Дива населба": Повикана Итна помош во судницата - роднините не ги криеја емоциите

Роднини на загинатите полицајци во хоророт кој во мај минатата година се одвиваше во Куманово, денеска се појавија во Судот. Како што пишува Макфакс, тие не можеле да ги сокријат емоциите, а на една од роднините и се слошило по рочиштето, поради што била повикана Итна помош.

Двајцата сведоци на обвинителството, се жители на „Дива населба“, и се татко и син. Синот, Арменд Сејдиу пред судот изјави дека имал продавница и пекарница во куќата во населбата и цело време бил на работа за време на крвавите настани. Го затворил маркотот порано бидејќи бил уморен и си легнал, а утрото го разбудиле пукотници. Бидејќи во куќата имал пекарница и четворица работница кои работеле таму цела вечер, од полицијата побарал останатите членови на неговото семејство да заминат, бидејќи станува опасно, а тој останал во куќата со своите работници. Подоцна биле приведени во полициска станица, каде ги држеле повеќе од 20 часа, пишува Макфакс.

Поради тоа што адвокатите ги немаат добиено изјавите од другите сведоци кои следуваат, судењето ќе се одложи за 22 март.

 
 
10.03.2016 - 14:05
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега