Мизо на состанок со директорите на компаниите лоцирани во зоните
Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Виктор Мизо денеска ќе одржи состанок со директорите на компаниите лоцирани во технолошко-индустриските развојни зони.
Како што информираат од Дирекцијата на ТИРЗ, темите кои ќе бидат рагледувани на состанокот се поврзани со последните законски измени и процедури во врска со заклучоците од Економскиот совет, предлози за унапредување на соработката со домашните компании, можностите за поефикасно работење во зоните и сите дополнителни информации и идеи од страна на инвеститорите, со цел подобрување на условите за работа и функционирање во зоните.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа