Технопласт ќе отвори 200 работни места во фабриката во Бунарџик

 

Технопласт е македонска компанија која произведува пластични компоненети за автомобилската, електричната и електронската индустрија која одлучи да гради фабрика во  ТИРЗ Бунарџик.

Целокупното производство ќе се извезува и вградува во автомобилските брендови БМВ, Ауди и Рено.

-Инвестицијата е во вкупна вредност од 10 милиони евра и ќе се одвива во две фази. Првата фаза е градежната инвестиција и воведување на опрема при што ќе се вработат 100 лица. Во втората фаза предвидуваме проширување на постоечкиот градежен објект и вработување на уште 100 вработени со што ќе се заокружи предвидената инвестиција, истакна сопственикот на Технопласт Ѓорче Тодоровски.

Еден од проблемите со кои се соочува оваа компанија како и повеќето домашни и странски компании во земјата е недостаток на соодветен кадар.

-Квалитетен кадар не е лесно кога се најде, посебно работници со  добра квалификација. Затоа ние како компанија вложуваме  во тренинзи и обуки на нашите вработени и така доаѓаме до квалитетна работна сила. Во Македонија за жал нема добра берза на трудот посебно што во минатото се затворија големите индустриски капацитети, а не се пренесоа знањењата на нови генерации. Вложуваме напори со некои факултети и институции да го насочат едуцирањето кон кадри кои се потребни на пазарот на труд, вели Тодоровски.

Тој истакна дека од досегашната соработка со странските компании имаат големи предности, пред се тоа е стандардизација на квалитетот за да се соработува со нив, се учат нови методи и се отвара соработка со нови странски компании.

 
 
11.03.2016 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега