Пораст на прометот на трговијата на мало минатата година

 

Прометот во трговијата на мало изминатата година номинално бележи пораст, објави денеска Државниот завод за статистика.

Пораст е забележан во групите Трговија на мало со непрехранбени производи  и Трговија на мало, освен горива. Пад реално има во групите Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, Трговија на мало со непрехранбени производи, Трговија на мало, освен горива и Трговија на мало со моторни горива.

– Индикаторите за промет во трговијата го мерат прометот во трговија на големо и трговијата на мало во форма на номинални и реални индекси, а не во апсолутни износи. Поради тоа, индикаторите служат исклучиво за следење на динамиката (развојот), а не за оценка на нивото на прометот, појаснува Државниот завод за статистика.

Податоците што се објавени се пресметани врз база на 2010 година и во споредба со ист месец од претходната година.

 
 
11.03.2016 - 16:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега