Погледнете каде има прекин во сообраќајот

 

На патниот правец А3 обиколница Битола-Ресен на 70+300 км, поради свлечиште патот е во прекин во двата правци. Како алтернатива, сообраќајот е пренасочен преку градот Битола, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

svleciste

Општинскиот пат с. Долни Полог-с.Облешево пред Кочанска река е во прекин поради прекопан коловоз и е направен канал за одводнување на надојдена атмосферска вода од врнежи на дожд.

Поради надојдени  дождовни  води на локалниот пат с.Дебреште – с.Лажани, сообраќајот е во прекин.

Од АМСМ соопштуваат дека  на патниот правец Р1404 Марвинци – Балинци – Брајковци, под надвозникот кај клучка Марвинци поради излевање на каналите има вода на коловозот. Се препорачува користење на алтернативен патен правец Удово – Валандово – Гевгелија и обратно.

Екипите од ЈП Македонијапат работат на расчистување и нормализирање на сообраќајот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Слаб снег провејува на планинскиот премин Буково.

Од АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово, Кочани-Делчево и Ресен – Буково каде е можна почеста појава на одрони.

АМСМ според информација добиена од ДЦС МВР, информира дека утре со почеток во 12:00 часот, од страна на Здружението на оризопроизводители „Бело Злато“ ќе се изврши блокада на магистралниот пат Кочани – Штип, во с.Облешево.

 
 
14.03.2016 - 20:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега