Седници на четири собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за политички систем и односи меѓу заедниците, за здравство и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство се измените на Законот за шумарска и ловна инспекција, како и измените и дополнувањата на законите за ветеринарно-медицински препарати, за нуспроизводи од животинско потекло, за земјоделство и рурален развој, за идентификација и регистрација на животните, за безбедност на храната за животни, за заштита и благосостојба на животните, за ветеринарно здравство, за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост, сите по скратена постапка.
Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе расправат за измените и дополнувањата на законите за слободен пристап до информации од јавен карактер, за здруженија и фондации, за медијација, за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, за основање на државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, за архивски материјал, за управната инспекција, за инспекциски надзор, за организација и работа на органите на државната управа, за матичен број, за личното име, за патните исправи на државјаните на Република Македонија, за личната карта, сите по скратена постапка во второ читање.
Комисијата за здравство ќе ги разгледа измените и дополнувањата на законите за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции и за лековите и медицинските средства, двата по скратена постапка во второ читање.
На дневен ред на Законодавно-правната комисија се измените и дополнувањата на законите за слободен пристап до информации од јавен карактер, за здруженија и фондации, за медијација, за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, за управната инспекција, за архивски материјал, за организација и работа на органите на државната управа, за инспекциски надзор, за основање на државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, за шумарска и ловна инспекција, за ветеринарно-медицински препарати, за нус производи од животинско потекло, за земјоделство и рурален развој сите по скратена постапка - второ читање.
Членовите на оваа комисија ќе ги разгледаат и измените и дополнувањата на законите за идентификација и регистрација на животните, за безбедност на храната за животни, за заштита и благосостојба на животните, за ветеринарно здравство, за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост, за матичен број, за лековите и медицинските средства, за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, за личното име, за патните исправи на државјаните на Република Македонија, за личната карта, сите по скратена постапка - второ читање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа