Иванов ќе ја посети Александриската библиотека
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во рамки на официјалната посета на Египет денеска ќе ја посети Библиотеката во Александрија, град кој е главно египетско пристаниште на Средоземното Море, јави известувачот на МИА.
Александриската библиотека била најголема и најпозната во античкиот свет. Во 3 век п.н.е ја основал Птоломеј Први Сотер, била центар на древната наука и уметност. Имала неколку десетици илјади дела напишани на околу 600.000 свитоци папирус на сите тогаш познати јазици. Низ историјата била уништувана од разни освојувачи, а денес се наоѓа во модерен објект.
Шефот на државата претходните два дена престојуваше во престолнината Каиро каде што имаше средба со египетскиот претседател Абдел Фатах Ал Сиси, а вчера се обрати на бизнис-форум на кој беа презентирани можностите за инвестирање во Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа