Лоши вести за возчите: Горивата повторно поскапи

 

Американската лесна нафта за испорака во април на берзата во Њујорк во текот на вчерашното тргување поевтини за 37 центи на 36,81 долар за барел.

Северноморската нафта од типот „брент“ која се увезува и во Македонија на берзата во Лондон поевтини за 41 цент и тргувањето го заврши на ниво од 39,12 долари за еден барел.
Со тоа, европската нафта повторно се спушти под психолошката граница од 40 долари за барел.

Сепак, оваа цена е за нешто над 4 долари повисока од просечната цена врз основа на која Регулаторната комисија за енергетика ги одреди малопродажните цени на 7 март.

Тогаш, просечната цена на барел нафта изнесувала 34,945 долари а курсот на доларот изнесувал 56,09 денари. Во моментов еден долар вреди 55,55 денари

Следната корекција на малопродажните цени на нафтените деривати во Македонија ќе се случи на 21 март, односно идниот понеделник. За очекување е регулаторот да одреди нови, повисоки цени на нафтените деривати во Македонија.

 
 
15.03.2016 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега