Врнежи од снег, пренасочен сообраќај, излеана вода - што се случува на патиштата?
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крушево, Ѓавато, Буково, Пресека, Плетвар и Деве Баир.
На патниот правец А3 обиколница Битола - Ресен на 70+300 км, поради свлечиште, патот е се уште во прекин во двата правци. Како алтернатива, сообраќајот е пренасочен преку градот Битола.
Општинскиот пат с. Долни Полог - с. Облешево, пред Кочанска река, е во прекин поради прекопан коловоз, каде е направен канал за одводнување на надојдена атмосферска вода од врнежи на дожд.
На патниот правец Р1404 Марвинци – Балинци – Брајковци, под надвозникот кај клучка Марвинци поради излевање на каналите има вода на коловозот. Се препорачува користење на алтернативен патен правец Удово – Валандово – Гевгелија и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крушево, Ѓавато, Буково, Пресека, Плетвар и Деве Баир.
Поради појава на магла, видливоста на Плетвар, Попова Шапка и Ѓавато е намалена на 50 – 100 метри.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово - Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово, Кочани - Делчево и Ресен - Буково каде е можна почеста појава на одрони.
АД Гранит известува дека поради продолжување на градежните работи на делот од трасата на патниот правец А3 Битола – Макази и добиеното одобрение за времена измена на режимот на сообраќајот, пренасочувањето на сообраќајот од бензинската пумпа на Лукоил до клучката за с. Ротино и понатаму продолжува со важност.
Според сообраќајниот проект тех.бр.155/2015 за времена измена на сообраќајот на патен правец Скопје – Миладиновци – Куманово сообраќајот ќе се одвива (десно после наплатна станица Миладиновци) преку автопатот Куманово – Велес се до клучката кај аеродромот Александар Велики до приклучокот на автопат Велес – Куманово.
Согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај издадено од Министерството за транспорт и врски, од 14.12.2015 год., 11-уп-134/4, на магистрален пат A3б/A4е, делница Кадрифаково - Штип, од км. 217+818 до км. 219+918, од 15.01.2016 година од 08:00 – 16:00 часот ПРО ГЕО ДОО КУМАНОВО ќе врши геодетски мерења согласно добиените дозволи. Имено ќе се врши геодетско снимање на асфалтниот дел од трупот на патот на потегот од Клучка Штип до с. Три Чешми. Сообраќајот во моментот на мерењето ќе се одвива согласно Сообраќаен проект за времено одвивање на сообраќајот и со соодветна сообраќајна сигнализација.
Г.Д. Гранит А.Д. Скопје, ОЕ – Нискоградба Исток од 11.12.2015 започна со реконструкција и надградба на автопат, делница Смоквица - Гевгелија, како дел од Коридорот 10. Сообраќајот се одвива под времен режим.
Градежното Друштво “Гранит” АД Скопје (Р.Е. Свети Николе – Штип) изведува градежни работи на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од 26+396,00 до 47+107,00 км. Сообраќајот е затворен до целосно завршување на активностите (период од 2 години) на делницата, на потег км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково), со пренасочување на сообраќајот преку регионалниот пат P 1204.
Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа:
- од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово, и
- од с. Лозово преку с. Сарамзалино до клучка Кадрифаково.
Друштвото АСФАЛТ ДОО Скопје известува дека поради изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатна станица Романовце, во периодот од 29.10.2015 до 28.03.2016 на магистрален пат А1, делница Куманово - наплатна станица Романовце и обратно, сообраќајот се одвива согласно Одобрението за времен режим на сообраќај бр. 24.3-60091/1 од 28.09.2015 издадено од Министерството за транспорт и врски на Република Македонија.
АМСМ предупредува возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.
На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Служба за помош и информации на пат (02) 15 555.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа