Надуени бројки и плагијати - кој стои зад бројчаникот на МАНУ?
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) употребува плагијати, повлекувајќи се за да го покријат срамот. Академик Таки Фити беше единствениот министер за финансии во чие време девалвираше денарот. Кога тој беше министер за фианнсии во владата на СДСМ долгот порасна од 26 на 41 отсто., пишува Курир.
Која е причината за повлекување на бројчаникот на МАНУ, кој како што најавија ја покажуваше реалната состојба на јавниот долг во секунда, академик Таки Фити не одговори. Истиот бројчаник, за кој МАНУ тврдеше дека е нивно дело, се појави 2014 година на блогспот и ако се споредат дизајнот и кодот очигледно дека станува збор за истиот. Дали станува збор за плагијаторство, па од таа причина истиот не е објавен?
Дополнително, иако во 2014 година бројчаникот беше наводно дело на аматер, истиот беше објавен како банер подолго време на агрегатот тиме.мк, каде цените за објава се навистина високи, што наведува на тоа дека одредена организација стои зад истиот.
Иако МАНУ се обиде да ја претстави апликацијата како веродостојна, истата имаше крупни попусти како пресметка на долг во 2016 врз база на БДП од 2014 година. Исто така МАНУ како извор го наведе Министерството за фианнсии и ја објави табелата на јавен долг која јаправи Министерството со тоа што цифрите на МАНУ не соодвествуваа со тие објавени на официјалниот сајт на Министерство за финансии.
Откако истата ја промовираше, МАНУ соопшти дека се дистанцира од апликацијата со објаснување дека бројчаникот на долгот го објавил соработник во Центарот за компјутерски услуги.
„Бројчаникот кој го мери јавниот долг на РМ изразен во апсолутни броеви, но и релативно во однос на БДП е изработен во рамките на Центарот за компјутерски науки и информатички технологии при МАНУ, за потребите на нивните истражувања и објавен од страна на соработник на Центарот, без претходно да биде информирано раководството на МАНУ и раководителот на центарот“, информираат од МАНУ.
Академците очигледно навлегоа во партиска пропаганда, пред изборите најавени за 5-ти јуни годинава. Минативе денови МАНУ го работи тоа што претходно го правеа невладините организации и портали на СДСМ и СОРОС.
Академците очигледно немаат време за наука, па ни за истражување. Затоа превземаат бројчаници изработени од аматери, образовно непотковани.
Апликацијата која го мери долгот која го објaви МАНУ е преземен од блогспот, објавен уште во 2014-та година. Несериозноста е уште поголема земајќи предвид дека истиот бројчаник е превземен од Твитер.
Експертите велат дека ваквите податоци не може да бидат релевантни.
Дека МАНУ ја преземала апликацијата од нечиј блог докажува и фактот дека заборавиле да го променат бруто домашниот производ, па се уште стои бројката од 2014 година, кога е објавен блогот.
Колку се веродостојни податоците на МАНУ покажува и фактот дека јавниот долг кој тие го публикуваат повикувајќи се на податоците на Министерството за финансии не соодвествуваат со официјалните податоци објавени на страната на министерството. Имено табелата која ја објавуваат тие, а за која се тврди дека е преземана од Министерство за финансии покажува дека на крајот на годината јавниот долг е 47 отсто, додека на табелата оригинално објавена на веб страната нја Министерството за финансии истата е 46,5 отсто од БДП, анализира Економски.мк.
-Интересен е и податокот кој покажува дека токму во времето кога Таки Фити бил министер за фанансии во Владата на Бранко Црвенковски, надворешниот долг на РМ пораснал од 26 отсто во 1996 на 41 отсто во 1998 година (извор Народна банка на РМ). Фити беше министер од февруари 1996 до ноември 1998 година. Тој ќе остане запаметен и како единствен министер за финансии во чие време девалвирал денарот – на 9 јули 1997 година, кога тоа и беше соопштено на јавноста во присуство на претставникот на ММФ некаде околу 11 часот. Утрото, во четири часот наутро, Бранко Црвенковски и неговата влада започнаа акција во Гостивар и Тетово за симнување на албанските знамиња од јарболите пред двете општински згради, па чинот на девалвација остана во сенка на овие настани. Во годините по 2003 досега, надворешниот долг постојано е под 25 проценти, до 2014 година кога надминува 30 отсто од БДП. На крајот на 2015 година изнесува 31,8 отсто од БДП. Инаку од вкупниот јавен долг кој лани според НБМ бил 47,2 отсто од БДП, државен долг е 38,5 отсто, додека долгот на јавните претпријатија изнесува 8,6 отсто од БДП, пишува „Дневник“.
ВМРО-ДПМНЕ: Таки Фити без трошка срам ја злоупотребува титулата претседател на МАНУ и се занимава со политика пред избори
За однесувањето на МАНУ, предводено од Таки Фити, вчера реагираше и владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
-Секој студент на економија знае дека долгот се мери во релативна вредност, а не во апсолутна, но очигледно ваквите факти се мистерија за поранешниот неуспешен министер за финансии Таки Фити. Затоа јавно го прашуваме Таки Фити дали ќе се обиде барем малку да се дистанцира од СДСМ и Сорос и да изработи вистински бројчаник кој ќе покажува секојдневно како расне БДП и корелацијата на БДП и државниот долг? Професорот Таки Фити можеби ја заборавил оваа лекција откако влегол во МАНУ, но тоа не смее да биде оправдување за политичко манипулирање на јавноста и злоупотребувањето на МАНУ во политичка кампања.Јавно го прашуваме Таки Фити дали МАНУ ќе направи апликација „бројчаник“ за намалување на невработеноста, потоа друга апликација „бројчаник“ за раст на извозот и уште една за раст на индустриското производство? Дали МАНУ ќе направи апликација со „бројчаник“ за бројот на изградени километри патишта, водоводи, канализациони мрежи, реконструирани и изградени училишта, болници, набавени медицински апарати, стои во нивното соопштение.
Последниот чин на МАНУ, според ВМРО-ДПМНЕ, е партиски и политички, а не научен и се додека академијата не се огради од ваквите настапи ВМРО-ДПМНЕ ќе ја третира како клон на СДСМ и соросовите здруженија.
-За научните потенцијали на Претседателот на МАНУ, кој е и доктор по економски науки, говори и фактот што нема објавено ниту еден труд во меѓународно списание со импакт фактор од типот на Томсон Ројтерс. Целосно инфериорен во науката, анонимус во меѓународните научни кругови, со единствено достигнување да напише учебник и да го продава на сопствените студенти, Таки Фити без трошка срам ја злоупотребува титулата претседател на МАНУ и се занимава со политика пред избори, претворајќи ја МАНУ во невладина организација на Сорос и СДСМ. За крај би апелирале до останатите членови на МАНУ да направат истражување дали во некоја држава постои сродна институција како нивната која по сите дефиниции треба да биде врв во науката, каде претседателот на таа институција е пред пензија, а за целиот свој работен век не успеал да направи научен труд кој би бил прифатен во меѓународно списание со импакт фактор. Ние таков пример не успеавме да пронајдеме, но сеуште не се завршени проверките во некои африкански држави. Доколку претседателот на врвната научна институција не е способен за наука и наместо тоа се занимава со дневна политика, тогаш легитимно е прашањето дали нему му е местото таму каде што се наоѓа. Оние членови на МАНУ кои за разлика од Таки Фити имаат публикувано научни трудови кои се меѓународно верификувани, го знаат одговорот, велат од владејачката партија..
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа