Седници на три собраниски комисии

 

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за образование и наука, додека Советот на Собранискиот канал ќе одржи јавна расправа на тема „ Функционирање на Собранискиот канал“. 

На Комисијата за политички систем и односи со заедниците продолжува амандманската расправа за Законот за нотаријатот.  

Комисијата за образование и наука ќе продолжи со амандманската расправа за Предлог-закон за основање Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“ во Скопје, а на дневен ред е и Предлог-закон за изменување на Законот за високото образование, во второ читање.

 
 
16.03.2016 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега