Скандалозно сознание во Oпштина Центар
Градоначалникот на Андреј Жерновски продолжува со опструирање на работата на училиштата каде се уште не инсталирал раководство од партиските структури.
КУРИР дознава дека по директива на градоначалникот, вчера наутро полициски службеници влегле во просториите на основното училиште “Кирил и Методиј“. Начинот на постапување бил идентичен како и при упадот во соседното “Коле Неделковски“, но и при упадот во “11-ти Октомври“, каде по многубројните обиди за девалвација на работењето, организирање наводни протести од родителите, пријава на наводно масовно труење на ученици кое никогаш не беше докажано, директорката беше сменета и на нејзино место се постави партиски послушник на Жерновски.
Сличен е текот на настаните и во ова училиште. „Кирил и Методиј“ неодамна објави јавен повик за избор на нов директор, па оттаму, целта на полициската акција била да се заплаши сегашната директорка како не би конкурирала на огласот, но да се заплашат и членовите на училишниот одбор, кои имаат свој глас при изборот на раководен кадар. Нив, според нашиот извор, полицијата детално ги испрашувала за кого го дале својот глас при изборот на нов директор, иако гласањето е тајно. Дополнително, им било побарано да обезбедат документација за програмата по која работи ова училиште, иако полицијата нема надлежност да ја контролира наставата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа