Му се судеше на убиецот кој го изврши двојното убиство во Вевчани

 

Во Врховниот суд на Република Македонија денеска се одржа јавна седница на која се расправаше за доживотната казна затвор за Здравко Србаковски, кој на 13 август 2014 година изврши двојно убиство во Вевчани.

Судењето го водеше претседателката на Врховниот суд Лидија Неделкова, а во советот беа уште четворица судии, кои го ислушаа осудениот убиец.

Пред судскиот совет Србаковски тврдеше дека немал намера да изврши убиство и побара наместо доживотен затвор да добие 15 или 20 години, имајќи ја предвид неговата возраст.

Србаковски во кафана во Вевчани ги застрела со пиштол 23-годишниот Мате Ѓурчески и 43-годишниот Владо Попески.  

Врховниот суд дополнително треба да ја соопшти одлуката за овој случај.

На денешното судење присуствуваа и студенти од Правниот факулет

 
 
16.03.2016 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега