ВМРО-ДПМНЕ: Не сме вршеле притисоци врз граѓани да се појават на протест

 

ВМРО-ДПМНЕ не врши никакви притисоци врз граѓани за да се појават на протест пред Уставниот суд, реагираат од партијата на денешната прес-конференција на заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски.

– Секогаш кога ќе видат дека кај народот не минува нивната деструкција, СДСМ ги активира сите погони на фабриките за афери и манипулации. Овој пат задачата да ги лаже граѓаните ја доби Александар Кирацовски, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата потенцираат дека се најстрого против секакви притисоци кои ќе се вршат врз граѓани со цел, како што велат, да бидат користени во партиски цели и протести, особено кога се од деструктивен карактер како протестот на СДСМ и Сорос.

-Го повикуваме технички назначениот дополнителен заменски министер Александар Кирацовски, како и целото МИОА да извршат увид дали била злоупотребувана општинска администрација за партиски цели. Му предлагаме да започне со истрагата во општина Струмица и општина Куманово, се вели во реакцијата.

 
 
16.03.2016 - 16:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега