Од јуни „Ер Србија“ ќе лета и до Охрид

 

Авио-компанијата Ер Србија најави дека од јуни оваа година ќе воведе три сезонски летови неделно на релација Белград-Охрид.

Летовите ќе бидат во понеделник, во среда и во петок со турболесен авион ATR со 66 седишта.

Националната српска авио-компанија ќе го зголеми бројот на летови од Белград кон Дубровник што ќе ги реализира секојдневно и ќе воведе петти неделен лет кон Пула. Кон Тиват ќе се воведадт два дополнителни лета неделно со што во летната сезона на релација Белград-Тиват ќе има 30 повратни летови неделно.

 
 
16.03.2016 - 17:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега