Камион со приколка излета од пат во Куманово

Камион со приколка кој се движел од населбата „Карпош“ кон Куманово денеска излета од патот и удри во бетонска ограда на објект лоциран во непосредна близина на патот.

СВР Куманово информира дека сообраќајната незгода се случила во 12:15 часот и оти нема повредени лица.

Екипи на СВР Куманово вршеа пренасочување на сообраќајот додека камионот се извлекуваше со кран.

 
 
16.03.2016 - 17:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега