Жени од Струмица со години живееле во хорор

20-годишниот В.С. од селото Сушица, општина Ново Село, заработи кривична бидејќи ја претепал сопругата. Според податоците од полицијата, тој во семејниот дом во селото Сушица започнал вербална расправија , а потоа и физички ја нападнал својата седумнаесетгодишна сопруга. Истиот ја удирал по главата и телото нанесувајќи и телесни повреди во пределот на вратот и левото око. Таа неколку пати била малтретирана и бркана од домот.

Исто така,   62-годишниот Т.К. од Струмица откако претходно се испијанил, без повод и причина започнал вербална расправија со својата сопруга К.К. Истиот ја навредувал и пцуел, а за среќа расправијата ја прекинал синот на неговиот брат. По превземени мерки било утврдено дека пријавениот повеќе години , секојдневно,  ја малтретирал својата сопруга. 

 
 
17.03.2016 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега