Гостиварци бесплатно го проверуваа очниот притисок
Во рамки на Светската недела на глаукомот, во Гостивар денеска повеќе граѓани имаа можност да го измерат очниот притисок. Акцијата ја организираа Здружението на офталмолози и Клиниката за очни болести во Скопје.
Според организаторите, ова е еден од начините да се укаже на опасноста од болеста, која се смета за втора водечка причина за слепило.
– Целта на акцијата е граѓаните да се информираат околу заболувањето и да се подигне свеста за важноста од навремено откривање. Сметам дека ова е добар начин, а тоа го покажува и одѕивот на гостиварци, рече Илјаз Исмаили, директор на Клиника за очни болести – Скопје.
Со акцијата за бесплатно мерење очен притисок, на пунктот на градскиот плоштад, стручни лица делеа совети како да се води поголема грижа и како да се зачува здравјето на очите.
Во Македонија од глауком се заболени од дваесет до триесет илјади луѓе. Ненанвременото лекување често завршува со намалување на видот и со слепило, а во голема мера влијание за појава на болеста има и наследниот фактор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа