„Однесувањето на СДСМ ќе биде деструктивно, тоа ќе им се удри од глава на 5 јуни“
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва гостуваше во дневникот на Сител телевизија и истакна дека деструктивното однесување на СДСМ со кое се бави ќе им се удри од глава на изборите на 5 јуни.
-Тие ќе се обидуваат изборите да ги добиваат онака како што досега се обидуваа да ја добиваат довербата на граѓаните. Се обидуваа со фалсификати, она со Чауш и така натаму, лични карти, пасоши направени, банкарски сметки фалсификати, па ги фативме, па се срамеа, па лажеа, не се знаеле со Чауш, се знаеле, не го примиле во штабот, го примиле, се заплеткаа и не знаеја како да излезат. Со деструктивност од типот измислување на лажни афери, со деструктивност од типо создавање на привид како сега со избирачкиот список. Сето ова ќе им се удри од глава на 5 јуни затоа што целиот овој период ние се занимаваме со барање на компании кои ќе отворат нови работни места за граѓаните, со зголемување на извозот, со отворање на нови фабрики, со начини како да се зголемат платите, како да се зголемат пензиите и со зголемување на пензиите… Нашиот ментален склоп е да создадеме нешто, да изградиме да решиме проблеми, да оди земјата напред. Нивниот е колку што може повеќе некого да оцрнат со измислени афери, со конструкции, со лаги и со манипулации. Треба да си изберат што сакаат на 5 јуни. Ако сакаат ние сме тука, имаме подготовка на одлична програма, најобемната досега. Имаат и таква екипа која ќе си ги матка, ќе им измислува приказни, ќе им измислува Чауши, но нема да видат ништо конкретно. Луѓето видоа овие луѓе како работат и со што работат, изјави Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа