Груевски: Стратешка поента е на граѓанинот да му се обезбеди сопствен дом
Знам колку е битно да се има дом, да се има кров над глава. И не само дом, туку сите оние работи кои ја заокружуваат приватната сопственост, те прават свој на своето.
Ова денеска го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, како дел од отчетот кој го дава пред граѓаните.
-Долго време граѓанинот беше запоставуван во овој поглед, отприлика ставен и оставен на ветромет… ние тоа го прекинавме. Стратешка поента беше да се овозможи човекот, граѓанинот да го осигура она што е негов дом, негова сопственост, да има котва сидро во нашата земја, да се осеќа свој на своето. Затоа и овозможивме легализација на дивоградбите, но и откуп на дворовите, да се стави печат на она за што се вложувало со години, но и да се подобрат условите за да може да се стекне дом. Преку големите поволности на проектот купи куќа купи стан, сега со новиот проект купи куќа за млади и тоа е за оние кои имаат некакви приходи и средства. За ранливите пак градевме и ќе градиме социјални домови во кои бесплатно живеат и ги користат, рече Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа