Македонија го обвинила Самарас за ароганција - еве што им пречи на грчките новинари
Денеска кај нашиот јужен сосед Грција актуелен е одговорот на премиерот Андонис Самарас на писмото на македонскиот премиер Никола Груевски. Внимание пред се се посветува и на реакциите кои доаѓаат од Скопје.
На грчките новинари им пречи тоа што „провлaдините медиуми во Македонија го обвиниле Самарас за ароганција, истакнувајќи дека грчкиот премиер ги одбил предлозите на Груевски за создавање работни групи предводени од премиерите на двете земји, кои преку интрензивни консултации со медијаторот Метју Нимиц би нашле решение за прашањето за името“. - Провладините медиуми во Скопје коментираат дека негативниот одговор на Самарас ја потврдува индифeрентноста на грчката страна за прашањето за името, пишуваат весниците „Катимерини“ и „Експрес“.
- Според истите извори, Самарас не покажува волја за фокусиран и интензивен дијалог за надминување на спорот во рамки на процесот дефиниран во ОН, а вината за блокирањето на Македонија ја префрла на сметка на ЕУ, пишува „Катимерини“.
ФОТО: Сител