Изградени 1050 комерцијални станови, ќе се изградат уште толку

 

Цветко Грозданов, директорот на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, при денешниот отчет потенцираше дека во изминатите години се изградени 1050 комерцијални станови, а во иднина ќе се изградат уште толку.

-Во изминатите години изградени се 1050 комерцијални станови, а ќе изградиме уште толку во периодот што следи. Наша заложба и на владата на Република Македонија беше да им дадеме сигурност на граѓаните и ниска цена, тоа го постигнавме и со гордост можам да кажам дека нудиме едни од најреалните цени на квадрат, пример во Аеродром продаваме метар квадратен по 790 евра, најниска цена во Скопје и во другите градови имаме реални пазарни цени со тоа што со конкуренцијата што ја овозможивме да бидеме баланс на пазарот на цените за да имаме намалување од други приватни и правни лица кои градат станови. 10% од комерцијалните згради одат за децата без родители и тоа влегува во тој фонд, потенцираше Грозданов.

 
 
20.03.2016 - 19:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега