Цените на роамингот ќе се намалат до 90% до крајот на 2017 година

 

Марта Арсовска Томовска, министерка за информатичко општество и администрација, како дел од отчетот кој денеска го дава владејачката партија потенцираше дека цените на роамингот до крајот на 2017 година ќе се намалат за 90 отсто.

-Најпрво да потенцирам дека благодарение на македонската влада во процесот обезбедивме граѓаните на повеќе балкански држави да ја исполнат својата желба за поевтин роаминг и слободно движење низ Балканот. Лани еден мегабит беше 370 денари, сега изнесува 43 денари. На 1 јули оваа година ќе изнесува 27 денари и следната година на 1 јули ќе изнесува 12 денари,. Што значи дека цените на почетокот паднаа за 70-80 %, а до крајот на договорот до 2017 год ќе одат до 90%, изјави Арсовска Томовска.

 
 
20.03.2016 - 19:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега