Груевски: Изградивме и реконструиравме над 510 километри регионална и над 700 километри локална патна мрежа
Инвестициите во патиштата беше и остана локомотивата на градежништвото која за време на Светската економска и европската должничка криза придонесе да одиме напред, кога многу држави чувствуваа жестоки последици.
Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, како дел од презентација на отчетот пред граѓаните на Република Македонија
-Не застанавме и сега имаме еден конитнуитет. Успеавме да изградиме и реконструираме над 510 километри регионална патна мрежа и над 700 километри локална патна мрежа. Кога одиме на терен многу луѓе ни кажуваат патот што го направивте не беше чепнат 30-40 години. Тоа е сега значајна предност за нив. Инвестициите во инфраструктурата обезбеди работа за многу семејства, но и работа за градежните компании. Подеднакво се посветивме и на изградбата на автопатските делници при што никогаш порано не се граделе три нови автопати како што се градат сега, изјави Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа