Правото за бесплатно ин-витро го искористиле околу 6000 двојки

 

Сашо Стефаноски, директорот на ФЗОМ, денеска како дел од отчетот на ВМРО-ДПМНЕ ја потенцираше важноста на проектот за бесплатно ин-витро на двојките со проблеми при зачнување.

-Ефектите се одлични, сакам да се осврнам на проектот за бесплатно ин-витро. Функционира од 2010 и до 2015 година околу 6000 двојки искористиле право за финансиска помош и добиле ваучер од фондот за да добијат принова. Преку 6 милиони евра државата издвоила за овие мерки и ги исплатила изминатите години. Со надоградба на проектот Владата на Република Македонија ја усвои мерката ин-витрото стана бесплатно за 3 дете и 4 дете до три обиди. Бесплатно ин-витро за прво, второ, трето и четврто дете до три обиди со 0% партиципација, потенцираше Стефаноски.

 
 
20.03.2016 - 22:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега