Спасески: Од 2006 година до сега во Македонија се изградени 222 спортски објекти

 

Агенцијата за млади и спорт е во континуирана градежна офанзива. Само во 2015 година која беше изградивме вкупно 56 спортски објекти низ целата држава или во просек еден спортски објект неделно. Од 2006 година до сега изградени се вкупно 222 спортски објекти во целата држава за што се потрошени околу 43 милиони евра, истакна Марјан Спасески, директор на Агенцијата за млади и спорт.

Тој посочи дека со овие проекти  се опфатени скоро сите општини во државата.

-Од проектот за изградба на 35 спортски сали, 34 веќе се изградени. Одлична динамика имаме и за проектите за изградба на 120 тениски терени каде досега 74 се изградени, 15 се во фаза на реализација. Од проектот за изградба на 100 повеќенаменски игралишта 56 се завршени и ставени во функција, а 22 се во фаза на градба и очекувам годинава да бидат ставени во функција, рече Спасески.

 
 
20.03.2016 - 23:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега