Какво време не очекува утре?

 

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и релативно топло за овој период од годината. Зголемено наоблачување ќе има во ноќните часови, особено во крајните западни делови каде ќе има и услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната  од 17 до 23 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Во утринските и во вечерните часови ќе има зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 22 степени.

Во среда нашето подрачје ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот. Времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд. Во попладневните часови ќе има нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на град, особено повеќе услови за нестабилност ќе има во источната половина на земјава. Локално се очекува да наврнат и над 30л/м2 воден талог.

Повремени врнежи од дожд ќе има и в четврток, но од север ќе се спушта постуден воздух проследен со умерен до засилен северен ветер и ќе придонесе пад на температурата за неколку степени, а на планините врнежите постепено ќе поминуваат во снег.

Потоа ќе следува период на претежно стабилно време, а температурата ќе почне постепено да се покачува. 

 
 
21.03.2016 - 17:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега