Со камион прегазил 4 годишно дете во Велес
Четири годишно дете од велешкото село Бузалково е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 17.20 часот во селото. До несреќата дошло кога 22 годишен жител на Бузалково управувајќи товарно возило марка „мерцедес“ со велешки регистараски таблички го прегазил детето кое било пешак, јавува локалниот портал Дума.
По несреќата детето веднаш било пренесено во болницата во Велес, но поради сериозноста на повредите е препратено во скопската клиника. Најверојатно станува збор за тешка телесна повреда на стопалото од неговата нога.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Велес
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа