Повторно одложена расправата за Извештајот на СЈО на Комисијата за политички систем
Седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и денеска беше одложена поради неприсуството на специјалната обвинителка Катица Јанева. На дневен ред на Комисијата е Извештајот на Специјалното обвинителство.
Пратседателот на Комисијата Влатко Ѓорчев рече дека добил известување од Јанева дека таа нема да го образложи Извештајот за шестмесечната работа пред пратениците и оти поради тоа не се создадени деловнички услови за работа на Комисијата. Поради тоа седницата е одложена за утре.
Ова е трето одложување на Комисијата за политички систем. Мнозинството пратеници очекува Јанева да дојде и да го образложи пред нив Извештајот, додека опозицијата смета дека таа не мора да го образложи Извештајот пред парламентарците.
Опозициските пратеници и денеска реагираа гласно посочувајќи дека Јанева нема обврска до го образложи Извештајот за работата на специјалното обвинителство пред пратениците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа