Србија нема да го испорача Драган Даравелски

 

Драган Даравелски е приведен, но тешко дека во скоро време ќе се врати во земјата. Поранешниот шеф на македонската царина не се предава лесно. Откако рано утрото бил приведен по обновената потерница од македонските судски органи, ги искористил законските можности кои му ги пружаат граѓанските правата во соседна Србија. За Сител од министерството за правда на Србија велат дека одлуката за екстрадицијата на Даравелски ќе биде донесена по разгледувањето на неговите приговори, објави Сител

-Имајќи во предвид дека Драган Даравлески ја искористил можноста за искористување на правните лекови, министерот за правда нема да дозволи екстрадиција додека не се одлучи по тие правни лекови, велат од мин за правда на Србија. 

Даравелски, согласно договорот на кои пред пет години ставија потпис министрите на Македонија и Србија, би требало да биде екстрадиран во земјава. Тие договорија двете земји да вршат екстрадиција на сопствени државјани за кривични дела како што се организиран криминал, корупција и перење пари.

Даравелски во 2007 година од основниот суд Куманово, во отсуство беше осуден на казна затвор во време траење од седум години. По екс шефот на македонската царина, истражните органи трагаат веќе 14 години. Даравелски еднаш  успеа да ја избегне екстрадицијата благодарение на српското државјанство.

Според пресудата на куманосвкиот суд, злоупотребувајки ја службената положба и овластувања Даравелски државата ја оштетил за 2,5 милиони евра.

Веднаш по правосилнопста на пресудата, државата го заплени имотот на Даравелски, акциите кои ги поседувал во голем број на фирми, но и имот зад кој стојат други лица, а джавата ги поврза со него.  Поголем дел од имотот на Даравелски веќе е продаден, а средствата преку агенцијата за управување со одземен имот завршија на сметката на држвниот буџет.

По екстрадицијата во земјата, Драган Даравелски најверојатно повторно ќе седне на обвинителна клупа, ако одлучи да го искористи правото за повторување на постапката во негово присуство.  А за него веројатно ќе стартуваат и постапките за други дела кои му се ставаа на товар. Даравелски, функцијата директор на македонската царина ја извршуваше во периододт од 1999 до 2002 година. 

 
 
24.03.2016 - 16:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега