Тодоров: Да се стимулираат младите да студираат медицина

 
Во последните 4 години во македонското здравство се вработени околу четири илјади здравствени работници, а доделени се околу 400 специјализации.
 
Ова денеска го истакна денеска министерот за здравство, Никола Тодоров, кој беше во работна посета на Здравствената станица во Македонска Каменица. Тој од одговорните во оваа здравствена установа го слушна проблемот кој се јавува поради недостигот на лекари, бидејќи во регионот на крајниот исток нема невработени лекари.
 
Тодоров потенцираше дека ова е проблем на ниво на цела држава.
 
-Решението е на долг рок , а треба да започнеме да ги стимулираме младите луѓе да студираат медицина. Во Македонска Каменица нема невработен лекар, тоа е проблем и случај е и во повеќе општини  поголеми од оваа. Јас би апелирал до младите да студираат медицина и на тој начин да го решиме недостатокот со лекари. Населението старее и имаме потреба од повеќе лекари, затоа имаме обврска да ги стимуираме младите да студираат медицина. Краткорочно решение е што обезбедуваме доктори да доаѓаат од клиничкте центри во помалите општини, со цел да има специјалисти од повеќе области. Веќе  во Македонска Каменица доаѓаат тројца специјалисти, а  ќе се обидеме да најдеме решение и за други две специјалности, неврологија и ортопдеија, рече Тодоров.
 
Во рамките на посетата, Тодоров разговараше со здравствените работници и за условите и стручната подготвеност на тимот кој ќе работи на новиот мамограф кој за прв пат ќе го добие рударска Каменица.
 
- Најавуваме дека за скоро време  ќе дојдат тимови од Министерството кои треба да го инсталираат, а идејата е во наредните месеци да се монтира мамографот. Рентгенологот од здравствената станица од М. Каменица кој ќе работи на мамографот, изминатиов период  беше на обука во софиската болница во Токуда. Ова е историски чекор за здравството во М. Каменица,  бидејќи прв пат ќе добие мамограф и очекуваме сериозно да го подигнеме нивото на здравствена заштита во овој регион , рече Тодоров.
 
Набавката на мамографот ќе го подигне и квалитетот на здравствената заштита во регионот, потенцираше доктор  Мице  Бошковски.
 
- Ова е една историска одлука на Минситерството да се донесе еден ваков апарат и значи една превенција на најчестото заболување на дојката што значи дека и во помалите места имаме едно екипирање на опрема и кадар што ќе донесе приближување на здравствените услуги до пацинетите. Ова ќе значи ран скрининг, заштеда на време пари, растоварување на блиските центри и поквалитетна задрватсвена заштита на жителите од М. Каменица, но и на цел регион, рече Бошковски.
 
Градоначалникот Дарко Митевски потенцираше дека општината секогаш е распоожена и подготвена да помага и да придонесува за поквалитетна здравствена заштита на граѓаните.
 
-Ова е една добра иницијатива и  ние од помалите места  покажуваме интерес за соработка. Изминатиов период помогнавме да се набави возило за потребите на итната медицинска служба. Огромно е значењето и во помалите места да имаат соодветна опрема, ние сме рударска општина и се јавува потреба за набавка на нови апарати со цел подобрување на здравствените улови во М. Каменица, рече Митевски.
 
Во Здравстевниот дом во Делчево кој како установа ја покрива и здравствената станица во М. Каменица наредната недела ќе бидат распишани две специјализации, за трудова медицина и за рентгенологија.
 
 
24.03.2016 - 17:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега