Ристовски: Во тетовскиот регион отворени над 7.000 работни места

 

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски денес е во посета на Тетово и неколку околни населени места.

При посетата на средбите со граѓани Ристовски посочи дека во овој регион се реализирани голем број на проекти во образованието, инфраструктурата и во останатите области, додајавќи дека особено внимание е посветено на отворањето на нови работни места.

-Во изминатиов период, покрај инфраструктурните проекти и реформи во сите области, особено бевме насочени кон креирање на нови работни места. Преку привлекувањето на странските инвестиции и поддршката кон домашниот приватен сектор на ниво на држава се отворија над 150.000 нови работни места, од кои над 7.000 се само во тетовскиот регион, истакна Ристовски.

Тој потенцираше дека и во периодот кој следи зголемувањето на вработеноста ќе биде еден од клучните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што економската стабилност и независност е најважното прашање и го тангира секој еден граѓанин.

Заменик министерот имаше средба и со неколку здруженија на граѓани при што беа истакнати предлози и идеи кои што можат да бидат составен дел од новата програма на ВМРО-ДПМНЕ која што е во фаза на подготовка.

 
 
 
24.03.2016 - 17:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега